Tuesday, May 5, 2009

Анализа на теоријата Социјална пенетрација

Теоријата за социјална пенетрација е многу интересна бидејќи на според мене многу прост начин (со примерот со кромидот) го покажува човековото однесување во врска со самооткривањето. Дека жените кажуваат многу повеќе за себе според мене е точно. Сум налетала на случаи кадешто девојките поминале некое време со своите партнери и буквално им се отвориле на секоја тема, а спротивно машките ништо не им кажале за себе си и девојките и ден денес незнаат ништо за нив. Еве за да не давам примери од мојот живот, низ целиов текст ќе се служам со неколку примери од серијата "Sex & the city".

За тоа дека жените многу повеќе се откриваат одколку мажите убаво е објаснето во епизодата "Season 6-3 The Perfect Present" кадешто Кери (една од четирите главни личности) започнува врска со дечкото Џек Бургер, и таа вооопшто не е навлезена во неговата интима. Таа му кажува многу работи за себе но ништо не добива како повратана информација, само тој онака попатно и "споменува" дека станот му е уреден од предходната девојка, дека тој неможе да спие без апаратот таа што му го купила и слично. Исто така сметам дека понекогаш на жените им одговара тоа незнаење на одредени информации се додека имаат некаква корист од мажот. Тука како пример ќе ја земам епизодата "Season 4-4 What's Sex Got to Do With It" каде Кери има дечко (Реј, дури и презимето не му го знае) којшто е музичар и таа отворено го прашува да и каже нешто за себе после повеќе заеднички излегувања и спиења заедно, но тој го избегнува одговорот. Но таа сепак одреден период го толерира тоа бидејќи со него го има (според неа) најдобриот секс. Според студиите дека мажите повеќе навлегуваат во ширината отколку во длабочината се согласувам. Само даваат некои информации за себе а ништо не објаснуваат. Кажуваат една информација која можеби е многу важна за нас, а не објаснуваат ништо повеќе, и притоа не оставаат простор за прашања во врска со информацијата. Исто ќе дадам пример со епизодата "Season 1-8 Three's a crowd". Во оваа епизода Кери веќе долго време (некои 6 месеци или скоро година) оди со Mr. Big (нејзината голема љубов) и во еден незначаен муабет кој го прават во врска со колумната што таа треба да ја пишува, тој и споменува дека бил женет порано, т.е. ја споменува неговата бивша жена. И притоа не дава никакви информации туку се однесува како тоа да е нешто неважно кое не би ја интересирало (а Кери до тогаш не ни знаела дека некогаш во минатото тој бил женет). Но сепак има случаи кадешто спротивно жените (за да побрзо се врзат со некој) не се откриваат доволно т.е. не кажуваат баш се за себе. Во епизодата "Season 5-5 Plus one is the Loneliest Number" Миранда (исто така главна личност) воопшто не му споменува на нејзиниот бивш партнер кој сака повторно да има нешто со неа, дека таа има мало бебе и дека е самохрана мајка. Целта на ова нејзино неоткривање е стравот дека ако тој дознае дека таа има бебе, нема да сака повторно да се врзе со неа.

За разликите какошто се расата, религијата и етничката припадност сметам дека меѓу сите е исто. Сите луѓе сме еднакви и еднакво се однесуваме. Но во врска со религијата сакам да дадам пример дека луѓето од некои религии после одредени време кажуваат дека се припадници на истата и дека нивните планови за иднина ги планираат со луѓе од иста вероисповест. Во епизодата "Season 6-1 To Market, To Market " Шарлот (исто главна личност) живее заедно со нејзиниот дечко Хари, и тие двајцата сериозно размислуваат за брак. Но тука Хари (кој е евреј) и вели дека тој мора да се ожени со еврејка бидејќи така налагала традицијата и дека и ветил на мајка си. Шарлот која е католик е премногу зачудена и разочарана бидејќи тој можел тоа да и го каже порано пред да се вљубат толку еден во друг.(за тоа што се случува понатаму гледајте ја до крај епизодата).:-)

Тероријата на социјална пенетрација сметам дека е применлива во етничката и религиската група во којашто живеам јас, а според примериве гледам дека е применлива и во други етнички и религиски групи. Поточно оваа теорија секаде може да се примени бидејќи ги опфаќа најосновните бази на човековото однесување па затоа се согалсувам со генерализирањето на луѓето на тема запознавање и откривање на самите себе си, бидејќи ако размислиме и се навратиме на примерите од секојдневниот живот ќе сфатиме дека секаде е применливо тоа самооткривање т.е. неоткривање во некои случаи.